X
 23.01.2016 Образование

Заблуди за студирањето во странство

Доколку и ти сонуваш за студирање во некоја друга, возбудлива и егзотична земја, а те кочат највообичаените заблуди во врска со процесот на пријави, трошоци за живот и репутацијата на одредени универзитети, тогаш добро би било да прочиташ што е лага, а што вистина, за да ја добиеш вистинската слика за студирањето во странство.

 

studiranje


1. Студирањето во странство е многу скапо

На прв поглед можеби ти се чини дека нема да можеш финансиски да издржиш: школарина, трошоци за живот и материјали кои се потребни за учење, сето тоа во странска земја може да делува уште пострашно отколку што навистина е. Постојат многу начини за намалување на овие трошоци, потребно е единствено добра организација и темелно формирање за твоите можности: пријави се за стипендиите кои ги нудат, прифати некоја хонорарна работа или работа со скратено време... секогаш постои начин да го реализираш твојот сон.

2. Топ листата на најдобрите светски универзитети е најдобриот начин за избирање на факултет

Но, не е баш толку едноставно. Потребно е да проучиш како универзитетот на кој сакаш да се запишеш котира на листата. На пример, ако сакаш да студираш хемија, тогаш Техничкиот универзитет во Минхен се наоѓа во топ 25-те европски универзитети на кои се студира хемија, меѓутоа се наоѓа на 53-то место на светската листа на најдобри факултети.

3. Тешко е да се влезе на странски универзитет поради образовната разлика меѓу земјата од која доаѓаш и онаа во која сакаш да учиш

Не се грижи. Мислиш дека не се погрижиле за тоа? Затоа постојат некои општоприфатени квалификации кои на повеќето универзитети се доволни: на пример транскриптот од средношколската матура или превод на дипломата на јазикот на кој се одвива студиската програма.

4. Невозможно е да се влезе на универзитети како Оксфорд и Кембриџ

Иако приемните постапки се ригорозни, а квотите за запишување мали, сепак постои шанса. Важно е од мали нозе да знаеш што сакаш во животот и внимателно да работиш и учиш - секако, доколку ти е целта да студираш на најпрестижните универзитети во светот.

5. Пријавите на сите факултети се отвораат и „заклучуваат“ во исто време

Ова е голема грешка. Роковите за пријавување зависат од универзитет до универзитет, но и од студиската програма која сакаш да ја учиш. На некои факултети ќе мораш да се пријавиш во јануари, ако сакаш да бидеш запишан/а во есенскиот семестар. Затоа важно е да се информираш за роковите и да се држиш до нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование