X
 15.02.2020 Наука

НАСА: Астронаутите на Марс ќе користат ласери за да комуницираат со Земјата

Амбициозниот план на НАСА предвидува човечка експедиција на Марс до средината на 30-тите години на 21 век.
За да се постават основите за тоа епско патување, агенцијата гради огромна чинија во Калифорнија за која се надева дека ќе им овозможи на астронаутите да комуницираат со Земјата со помош на моќни ласери.

Со децении НАСА се држеше до старомодните радиобранови за да комуницира со астронаутите и вселенските летала. Но, кога луѓето конечно ќе стапнат на Марс, тие ќе сакаат сигурна и брза конекција, а агенцијата верува дека тоа може да се обезбеди само со ласер.

Изградбата на чинијата само што почна во Голдстоун, Калифорнија. На крајот ќе биде дел од поголем строј на слични чинии за ласерска комуникација.

Но, чинијата ќе биде тестирана долго пред луѓето да стапнат на Марс. НАСА планира да го испроба системот за да комуницира со мисијата „Сајки“, која ќе почне во 2022 година за да пресретне астероид кој орбитира околу Сонцето.

Извор: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука