X
 02.10.2018 Живот

Нешта кои треба да ги правите на 15 минути пред интервју за работа

Петнаесетте минути пред интервју за работа може да бидат по малку страшни. Луѓето кои бараат работа никогаш не се сигурни што да прават во тoа време, но експертите сугерираат дека треба да дишете длабоко и да правите нешта со помош на кои ќе останете фокусирани и смирени.

Еве неколку нешта кои треба да ги правите на 15 минути пред интервју за работа:

Останете смирени

-Кога сте под стрес, вашето тело испушта хормони на стрес како кортизол и епинефрин. Во зависност од нивото на стресот, тие можат да ја попречат вашата способност да размислувате јасно - вели авторот Дејвид Парнел.

Други експерти советуваат да останете смирени пред и за време на интервјуто за да може подобро да слушате и да останете фокусирани на тоа како најдобро да одговорите на прашањата.

Одете порано, но не влегувајте

Доцнењето на интервју може да биде стресно, па затоа е подобро да пристигнете порано, но не повеќе од десет минути порано. Ако пристигнете многу порано, почекајте надвор бидејќи во спротивно може лицето кое ќе го врши интервјуто да се почувствува дека е под притисок. Прераното влегување може да се смета и за наметнување, како да очекувате тоа лице да остави што и да прави за да ве прими.

Бидете учтиви со обезбедувачите и рецепционерите


Фото: Business Insider

Бидете учтиви со сите лица кои ќе ги сретнете бидејќи е многу веројатно дека тие ќе им кажат на лицата задолжени за вработувањето за тоа како сте се однесувале.

Прекинете да вежбате

Не сакате да го искористите ова време за да се подготвувате или да ги вежбате одговорите, што може да направи вашиот разговор да изгледа неавтентичен.

Дишете

Имате трема? Дишете. Тоа ќе ви помогне и да се смирите. Броењето на здивовите е една од најдобрите техники за смирување.

Фокусирајте се на положбата

Седењето исправени, заедно со одржувањето на контакт со очите остава впечаток дека сте самоуверени и професионални. Исто така, не заборавајте да ги опуштите рамената.

Не проверувајте ги вестите, електронската пошта или социјалните мрежи


Фото: Business Insider

Сега не е време да читата политички вести. Можеби ќе прочитате или ќе слушнете нешто што ќе ве вознемири и ќе ви го одвлече вниманието, а со тоа нема да бидете смирени и самоуверени.

Кратко разгледајте ги белешките, но не истражувајте дополнително

Завршивте со истражувањето, подготвувањето и вежбањето. Но, ако сте си запишале белешки, сега е добро време накратко да ги разгледате.

Погледнете се во огледало

Фото: Business Insider

Откако ќе се погледнете, можете да ги измиете рацете и да се осигурате дека ноктите ви се чисти, а дланките суви.

Мислете на убави нешта

Ова можеби ви звучи како клише, но мислењето на убави нешта поради кои се смеете и се чувствувате добро ќе помогнат да бидете смирени и да оставите добар впечаток.

Една насмевка може да направи чуда во однос на тоа како луѓето гледаат на вас.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот