X
 02.10.2019 Живот

Зошто не треба да ја објавувате авионската карта на социјалните мрежи?

Картите за влегување во авион често може да се видат на социјалните мрежи кога луѓето сакаат да се пофалат дека одат некаде. На оваа карта има многу навидум небитни бројки и букви, меѓутоа, објавувањето на картите може да има сериозни последици.

Овие бројки и букви на картата се напишани со причина, а тоа е да им откријат на авиокомпаниите лични информации за патниците. Но, врз основа на кодовите од картата и други луѓе можат да пристапат до вашите лични податоци.

Ноам Ротер се занимава со испитување на безбедноста и тој открива дека секој хакер може да го пронајде PNR-кодот (passenger name record), каде што се наоѓаат информациите за резервацијата на патникот, само со употреба на кодот од шест карактери.

- Само со употреба на PNR-кодот успеав да пристапам до личните податоци и да ги променам контактот и деталите за патниците - истакна Ротем, објаснувајќи како ја проверувал сигурноста на резервациите преку интернет.

Со помош на овој код, кој луѓето го објавуваат многу лесно, можно е да се промени сè во врска со патникот - името и презимето, годината, електронската пошта, контактот, бројот на телефонот.

Многу агенции работат на подобрување на заштитата на приватноста на корисниците, но секако треба да се води сметка и личните податоци, макар биле и во форма на код, да не се објавуваат на социјалните мрежи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот