Авионските билети се претежно скапи ако сакате патувањата на подалечни дестинации да ги реализирате побрзо и полуксузно. Со аеродромската такса и надоместот за поголем багаж можеби ќе изгубите мотив да го реализирате следното патување со авионски превоз.
Сепак, постојат трикови со кои може да добиете подобри зделки на авионските билети. Ако немате многу искуство со летови, веројатно е и да не ги знаете.
Никогаш не букирајте лет во сабота. Обично во сабота цените на билетите се највисоки. Иако единствено тогаш имате време да си ги организирате патувањата, за да го избегнете ова постојат издржани причини. Авионските компании следат неделен систем на цени и може да им изгледа збунувачки и фрустрирачки на патниците што не знаат како функционира.
Која е тајната на системот за цените на авионските билети?
Системот се применува без разлика дали резервирате месеци или недели однапред. Неговите почетоци датираат од времето кога за резевација луѓето барале услуга од туристичките агенции достапни од понеделник до петок во работно време. Иако сега најчесто се букира на интернет, системот е сѐ уште ист. Во тоа време надлежните за цените ги гледале достапните летови во понеделник за да знаат за што да направат подобра понуда во текот на неделата. Ако има многу непродадени билети на почетокот од неделата, цената се спушта. Авионските компании секогаш нудат најниски цени на летот на почетокот од неделата, исто како што некогаш нуделе примамливи понуди за непродадените билети во текот на викендот.
Ова значи дека вторник е најпогоден ден за добра понуда. Поконкретно, една студија покажала дека во вторник во 15:00 часот (источно стандарно време) цените на летовите биле најниски.
Колку може да се заштеди?
Просечната цена на летот продаден во сабота се смета дека е за 7% повисока од просечната цена во петок. Навистина, вреди да се придржувате кон гореспоменатиот систем.
Искористете ги социјалните мрежи за дополнителна заштеда или пријавете се да добивате известувања по имеил. Некогаш имаат понуди што траат само 1 час. Со континуирано информирање ќе бидете на време известени за добрите зделки за реализација на вашето следно патување.