X
 21.03.2021 Наука

Пловечки резервоари би можеле да му помогнат на Хелсинки да постигне јаглеродна неутралност

Главниот град на Финска, Хелсинки, планира да постигне јаглеродна неутралност до 2035 година. Ова звучи како тешка мисија во делот од светот каде што просечните температури се ниски, а во зима често се под нулата.

Градот организирал натпревар за наоѓање идејни решенија за постигнување на целта. На натпреварот можел да учествува секој, а главната награда е 1 милион евра. Еден од повеќето победници на натпреварот е проект наречен „Топлото срце на Хелсинки“ и предвидува поставување 10 пловечки резервоари покрај брегот на градот во коi би се чувала топлинска енергија.


Фото: Energy Challenge

Дизајнерот Карло Рати, основач на студиото „Карло Рати aсосијати“, кое го предложило проектот, објаснува за „Фест компани“ дека претходно се користел овој метод на чување топлинска енергија, иако не во големи размери. Освен тоа, концептот за пловечки резервоари е нов и може да направи вистински промени бидејќи би можел да се користи во секој град што е покрај вода.

Резервоарите би функционирале на тој начин што би се земала електрична енергија произведена од обновливи извори во периоди кога има доволно енергија и нејзиното производство не е скапо. Оваа енергија би се претворала во топлинска енергија со пумпи во водата, а топлинската енергија би се чувала во резервоарите кои би биле поврзани со системот за топлификација на Хелсинки. На некој начин, резервоарите во водата би функционирале како батерии.

Предлогот бил еден од четирите победнички предлози добиени на натпреварот. Градот сега ги анализира проектите за да види дали може да бидат имплементирани.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука