X
 02.10.2021 Живот

Зимски или четирисезонски гуми? Еве што велат експертите

Четирисезонски гуми се сметаат за компромисно решение за возила кои не прават поголема километража годишно. Тие овозможуваат поекономично возење бидејќи не мора да се заменат. Неодамнешно тестирање покажа дека четирисезонските гуми можат да бидат добра алтернатива за сезонските.

Возачите избираат поевтини гуми, а од минатата сезона апсолутен хит се четирисезонските гуми. Возачите сметаат дека зимите веќе не се толку сурови и снежни и сакаат да заштедат на гумите.

Како што велат експертите, главната разлика меѓу овие два вида гуми е тоа што зимските гуми имаат повеќе ламели отколку четирисезонските и се посоодветни за ниски температури. Но, луѓето почнаа да купуваат четирисезонски гуми затоа што зимите се потопли и затоа што сега не патуваат толку поради пандемијата.

Четирисезонските гуми се сметаат за компромисно решение бидејќи се заштедува и се избегнуваат редовните сезонски замени. Иако преовладува мислењето дека тие се лоши во текот на летото и зимата, една студија делумно го поби тоа.

guma
Фото: Freepik

Најновото истражување спроведено од германски магазин врз десет модели гуми наменети за теренски автомобили покажа дека оваа разлика е многу мала и незначајна. Како прво, се однесува на летните перформанси, но и на влажни услови каде што овие разлики се значително намалени или дури и не постојат, додека има разлика на мраз и снег.

Поточно, за зимата, зимските гуми и понатаму се правило затоа што подобро функционираат на патот, подобри се перформансите за сопирање, нема драстично лизгање при влегување во свиок. Возењето е безбедно, но разликата е толку мала што препорака за оние што размислуваат за гуми е добро да се информираат.

Сепак, експертите препорачуваат да се користи комбинација од летни и зимски гуми, и да се внимава на длабочината на жлебовите.

Извор: Vijesti.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот