Според истражување објавено во магазинот „Плос генетикс“, редовното џогирање е најдобриот вид вежбање за да се спречи дебелината.
Други ефикасни активности се: планинарење, пешачење и одреден вид танцување.
Истражувачите дошле до овие заклучоци откако побарале од 18.424 возрасни луѓе во Кина, на возраст од 30 до 70 години, да ги забележуваат своите рутини за вежбање. Потоа дневниците со вежби ги споредиле со генетиката на поединци.
Иако можеби овие откритија не можат да се применат на други расни групи, и понатаму важи добро познатиот факт дека физичката активност е одлична во борбата со дебелината.
Истражувачите користеле пет различни мерки за мерење на дебелината, вклучувајќи индекс на телесната маса, процент на масти и мерење на половината и на колковите за да утврдат кои вежби се најефикасни во спречувањето на дебелината. Повеќето претходни истражувања се занимавале исклучиво со индексот на телесна маса.
Ако сакате џогирањето да стане дел од вашиот живот (активност што го зазеде првото место), важно е да почнете полека.
Според тренерот Роберт Хербст, луѓето што сакаат да
џогираат треба постојано да се надградуваат, така што прво ќе почнат да шетаат. Потоа треба да воведат тренинзи за сила за да изградат силни мускули на нозете.
- На почетокот комбинирајте џогирање и брзо одење со брзина што ќе ви одговара. Обидете се со интервали што вклучуваат три минути џогирање, односно лесно трчање, проследено со 30 секунди пешачење. Важно е да останете во зона на ниски отчукувања на срцето - вели Хербст.
Фото: Freepik