X
 02.10.2023 Живот

Нови поскапувања од 70 отсто ги чекаат германските возачи

Резервните делови, стаклата и каросериите на автомобилите значително поскапија во последните 12 месеци во Германија. Според пресметките на друштвото за осигурување ГДВ, производителите на возила во периодот меѓу август 2022 и август 2023 година ги зголемиле цените на компонентите кои често се оштетуваат во несреќи во просек за 9,7 отсто.

Одредени резервни делови, како автомобилски врати, се поскапи за 13 отсто во споредба со лани.

Со тоа се продолжува долгорочниот тренд - додека индексот на потрошувачките цени порасна за речиси 28% од декември 2013 година, производителите на автомобили ги зголемија цените на резервните делови за повеќе од 70%, велат од осигурителната компанија.

Деловите за багажникот и задните странични делови во тој период поскапиле за 93 отсто, а задните светла за 97%.

Производителите на автомобили имаат монопол врз повеќето видливи резервни делови. За разлика од електричните компоненти или деловите на моторот, автомеханичарите не можат едноставно да купат, на пример, ветробрански стакла од поевтин набавувач.

Поради тоа, од ГДВ се жалат на наглиот раст на трошоците за поправка. Минатата година штетите на автомобилите ги чинеле осигурителните компании во просек околу 3.700 евра, што е за 8,4 отсто повеќе од претходната година.

Со оглед на тоа што премиите за осигурување на моторни возила речиси не се зголемиле во последните години, од ГДВ претпоставуваат дека осигурителите на моторните возила годинава ќе мора да забележат загуба од околу 3 милијарди евра.

Извор: Jutarnji
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот