X
 14.09.2022 Живот

Македонија е иста како Германија, барем според цените на храната

Доколку разгледате проспект на некој од попознатите маркети во Германија, може да помислите дека е проспект на некој наш маркет само со цени изразени во евра.

Решивме да погледнеме колку чинат некои производи во Германија (имајте на ум дека од први октомври саатница во Германија ќе биде минимум 12 евра, т.е. дневницата ќе биде најмалку 96 евра за осумчасовно работно време)

На пример, половина килограм тост-леб со путер во „Алди“ чини 0,99 евра, што е околу 61 денар. Леб направен од пченица, 'рж и овес од 750 грама чини 1,79 евра, односно 110 денари.



Еден литар млеко со 3,8 отсто масленост во истиот маркет чини 1,39 евра, односно околу 85 денари.



Литар сончогледово масло чини 2,39 евра, односно околу 147 денари.



Пакување од десет јајца во „Алди“ може да се најде за 1,99 евра, односно околу 120 денари.



Килограм пченично брашно, пак, чини 0,45 евра, односно помалку од 30 денари.



Тегличка од 825 грама од еден од омилените деликатеси за Македонците, кремот „нутела“, во германскиот маркет „Кауфланд“ на акција чини 2,75 евра, што би било околу 170 денари.



На здравје!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот