X
 02.10.2024 Живот

Во Љубљана има населба со 200 речиси идентични куќи изградена од задруга

Населба од околу 200 куќи била изградена од задруга во Словенија. Проектот е резултат на самоорганизирање на поединци. Зад него не стоеле ниту општината ниту некоја компанија.

Ако тргнете по улицата Постојнска или Индустриска во љубљанската населба Вич, ќе забележите многу слични куќи. Притоа, на многумина погледот им застанува на невообичаените покриви, кои се нетипично стрмни.

Наскоро населбата ќе прослави еден век постоење, а куќите се дел од еден од најамбициозните проекти на задругите во Словенија, организиран од страна на станбената задруга „Стан ин дом“.

Во неколку фази биле изградени околу двесте куќи со карактеристичен изглед,  во три големини, со три до пет соби.

- Оваа задруга е интересна затоа што станувало збор за самоорганизирање на поединци - не била спонзорирана ниту од општината ниту од компании. Куќите се слични, не се раскошни, но се доволно удобни мали вили кои биле достапни во неколку големини и потоа можеле да се прошируваат - објаснува Милош Косец, архитект и доцент на Архитектонскиот факултет во Љубљана.

Површината на основата на куќите е од 60 до 80 квадратни метри. Куќите нуделе сè што е потребно за удобно живеење, во споредба со денешните стандарди. Дури и најмалата верзија имала кујна, три соби, балкон, кабинет и бања во подрумот.

Стрмниот покрив бил проектиран од архитектот Иван Зупан и тој предизвикал полемика во тогашните медиуми бидејќи не бил вообичаен за љубљанското подрачје.

- Покривите се интересни и затоа што во Љубљана поттикнале кратка, но бурна расправа за тоа што во архитектурата е домашно, а што странско. Кратко по создавањето на Југославија, односно во тоа време Кралството СХС, декларативното отфрлање на германските примери имало и политичка конотација, а не само животни идеали - вели Косец.

Секако, покривите биле такви не само поради визуелниот ефект, туку првенствено поради практичноста. Стрмните покриви ја зголемиле висината и овозможиле преуредување на потпокривот во простор за живеење.

Задругата изградила еден од најопсежните примери на организирано станбено градење во Словенија во времето меѓу двете војни. Набрзо по изградбата задругата била мета на критики дека не ја решила станбената криза на работничката класа, што требало да биде целта, туку, покрај ниските цени за изградба и изнајмување, населбата била населена главно од средната класа...

Проектот бил смислен така што задругата купила нешто повеќе од 26 илјади квадратни метри земјиште. Дел од објектите ги направила самата задруга, а потоа ги изнајмувала на членовите по пониски цени, додека дел од објектите, според заеднички нацрти, ги граделе одредени членови, кои за изградбата можеле да добијат и поволен кредит.

Цените на куќите се движеле од 100 до 130 илјади динари во време која платата на службениците била околу 3 илјади, додека работничката илјада денари месечно.

Надворешниот изглед на куќите денес веќе не е едноличен како пред околу сто години. Во многу случаи сопствениците со разни проширувања го имаат променето изворниот изглед на куќите.

Извор: Forbes
Насловна фотографија: Google Maps
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот