Сибиу е средновековен град во романскиот регион Трансилванија, а покрај историското наследство поврзано со германското културно влијание, градот е препознатлив и по очите на покривите на куќите, односно прозорците кои даваат ефект како куќите да го следат секој ваш чекор.
Очите, кои се симбол и туристичка атракција во градот, му го дале на Сибиу прекарот „Град со очи“ или „Град во кој куќите не спијат“.
Списанието „Форбс“ го смести овој град на листата со 10 најидилични места за живот во Европа, има околу 150.000 жители и се состои од горен и долен центар поврзани со испреплетени улички.
Фото: Pixabay
Зградите во готски стил го одржуваат унгарско-германското влијание, а многу имаат заедничка карактеристика на покривите: мали прозорци кои се појавуваат како очи што гледаат во вас.
Можете да видите обични куќи со две очи, но можете да видите и куќи со три, четири или дури пет очи.
Фото: Wikipedia
Сибиу некогаш бил административен центар и главен град на трансилванските Саксонци, германско население во Трансилванија. Луѓето тврделе дека германските окупатори во регионот намерно ги изградиле очите за да влеваат страв кај луѓето - да се знае дека секогаш ќе ги следат и дека затоа мора да се однесуваат на соодветен начин.
Фото: Pixabay
Исто така, интересно е што очите во Сибиу во 2017 година станале симбол и своевидно лого на демонстрациите против корупцијата во владата. Со оглед на тоа дека овој град е една од културните метрополи во земјата и еден од поразвиените градови, демонстрантите рекле дека создаваат подрачје без корупција со очите на Сибиу како симбол на нивната постојана будност.
Денес очите во Сибиу се туристичка атракција која го привлекува вниманието со уникатната архитектура.
Извор:
klix.ba
Насловна фотографија: Unsplash