X
 08.06.2022 Живот

Холандската принцеза се откажа од милионски џепарлак - ќе живее со цимерки

Холандската принцеза Катарина-Амалија се откажала од џепарлакот кој ѝ следува и оваа година ќе почне да студира на Универзитетот во Амстердам. Таа ќе студира политички науки и економија и ќе живее со цимерки, а кралската информативна служба замолила да се почитува нејзината приватност за време на студирањето.

Катарина-Амалија е наследник на холандскиот престол бидејќи е најстара ќерка на кралот Вилем-Александар. Таа работела како келнерка во текот на средношколските денови, а откако станала полнолетна, почнала да презема одредени церемонијални должности. Таа има право на џепарлак од околу 1,5 милион евра, но одбила да го прими.


Фото: Royal House of the Netherlands

- Ми беше непријатно да го примам тоа додека не може доволно да понудам за возврат и додека знам дека на другите студенти им е многу потешко, особено во овие несигурни времиња - напишала принцезата.

Иако е наследник на престолот, Катарина-Амалија во својата биографија посочила дека не сака да седне на престолот одреден период и планира да работи во јавните служби.

Извор: Srednja
Насловна фотографија: Royal House of the Netherlands
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот