X
 15.08.2018 Култура

Французин ја тужи државата поради тоа што го измамила неговото семејство

Французин со аристократско потекло поднел тужба против Франција со барање за надомест на штета од 351 милион евра, тврдејќи дека државата го измамила неговото семејство и го спречила да го наследи престолот на Монако.

Грофот Луj де Каузан вели дека Франција на почетокот на 20 век ги променила правилата за наследство со цел да ја спречи Германија да го користи правото на круната, така што на престолот ја стави втората линија на лозата Грималди.

monako
Фото: Profimedia


Тој инсистира дека неговата тужба не е насочена против актуелниот владетел на Монако, кнезот Алберт, туку против француската држава. Како што вели, станува збор за честа на неговото семејство, па затоа мора да ја поправи оваа измама.

- Сакам вистината да излезе на виделина и да донесам правда за моето семејство - рече тој.

Каузан, кој живее во Париз, изјави дека бил директен потомок на Онореа III, кој бил на тронот на Монако од 1733 до 1793 година.

Приказната што ја раскажа сега датира уште од 1911 година. Имено, принцот Луj II немал наследник, па се појавила можност престолот да го наследи Германец. За Франција, неколку години по избувнувањето на Првата светска војна, оваа можност била неприфатлива. Де Каузан тврди дека тронот требало да го наследи друга гранка на Грималди на која тој припаѓал.

Под притисок на Париз, Луј II ја посвоил Шарлота, ќерка на неговата љубовница, пејачка во кабаре, инаку прабаба на принцот Алберт. Во 1911 година бил усвоен закон со кој се признава ова посвојување, но било во спротивност со правилата за наследство.

Седум години подоцна, во 1918 година, се донел нов закон со кој посвојувањето било прогласено за законско, а Франција и Монако потпишале договор со кој Париз морал да ги одобри сите идни владетели на кнежеството.

- Прво мислев дека за ова е виновно семејството Грималди, но потоа открив дека виновникот е Франција - изјави Луј.

Поради Франција, тој нема можност да располага со приходите на Монако.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура