Некои психолози тврдат дека секој вработен мора да полага психолошки тест кога се вработува или напредува во поодговорна позиција. Причината за тоа е влијанието на моќта врз луѓето, особено психопатите.
Познатиот психолог Роберт Хер наведува 20 знаци кои покажуваат дека некој е психопат, според кои секој може да препознае таква личност во својата околина. Еден психопат не мора да ги има сите знаци, но барем неколку од нив. Ова се дел од најчестите показатели дека можеби во вашата
близина има психопат.
Тие имаат садистичка природа
Психопатите имаат садистички намери и ставови, а тие ги мотивираат другите преку страв, наместо почит и почесто уништуваат отколку поправаат.
Тие се „лажни“
Психопатите се мајстори во претставувањето на себеси во најдобро светло. Тие зборуваат одлично и секогаш имаат интересни приказни кои прават да изгледаат добро, иако овие приказни можеби се измислени.
Тие имаат огромна самодоверба
Исто како и паразитите, психопатите се гледаат себеси во центарот на универзумот. Тие мислат дека се многу важни и нормалните правила во општеството не се однесуваат на нив.
Тие се патолошки лажговци
Кога психопатот ќе започне да лаже, тој не престанува да го прави тоа. За разлика од нормалните луѓе, тие не се грижат доколку ги откријат дека излажале.
Тие живеат паразитски
Психопатите мислат само на себеси и она што сакаат да го добијат. Тие го живеат животот онака како што сакаат без да се грижат за останатите околу нив или непланираните настани.
Тие се манипулатори
Психопатите се мајстори за манипулација, а истата ја користат за да станат „најдобри“.
Не покажуваат знаци на вина или покајување
Психопатите обично не се грижат за последиците на нивните дејствувања, без разлика колку лошо влијаат на останатите. Најчесто, психопатот ќе ја префрли вината на некој друг наместо да признае дека згрешил.
Имаат нереалистични цели
Психопатите се обидуваат да ги постигнат своите цели, но често не успеваат во тоа бидејќи целите им се нереалистични.