X
 11.10.2023 Живот

Поранешна вработена во ФБИ открива како да препознаете лажго

Како да знаете дека некој лаже? Веројатно во некои ситуации добро би дошло да може да препознаете лажго, а за среќа постојат одредени знаци кои ги откриваат лажговците.

Трејси Валдер, поранешен агент на ФБИ, споделува совети за препознавање лажго и укажува на девет знаци на кои треба да се обрне внимание. Лажговците често користат солзи за да избегнат објаснувања, а честопати зборуваат премногу само за да избегнат конкретни детали што е важно да се знаат. Исто така, брзо можат да преминат од смиреност до неконтролирано однесување и плачење, а секако тука е и избегнувањето на контакт со очи, вели таа.

Ова се деветте знаци за препознавање лажговци според советите на Валдер:

- нервоза
- гласно зборување
- користење солзи за да се одбегнат објаснувања
- премногу зборување без детали
- преминување од смиреност кон неконтролирано однесување
- избегнување контакт со очите
- изолирање на поединци за да одговараат на приказната
- екстремно претерано објаснување на едноставни работи
- недостиг на специфичност.



Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот