Човечкиот мозок е најмистериозниот орган за кој научниците сѐ уште многу малку знаат, а тука припаѓа и објаснувањето на меморијата. Покрај генералната поделба на краткорочна и долгорочна, некои луѓе се сеќаваат на многу повеќе детали од животот отколку еден просечен здрав човек.
Ако годината е 2017, Џил Прајс може
детално да објасни што правела на 29 август 1980 кога била 14 години, а не се случило ништо значајно, освен што бил Ден на трудот. Но, таа памети и дека била на депилација со пријателите. Понатаму може да раскаже и за третиот пат кога возела автомобил, или за денот кога прв пат слушнала некоја песна.
Нејзината меморија започнува од околу 18 месеци, но таа има сеќавања и од периодот пред тоа. Џил има талент за сеќавање и е првата личност на која и е дијагностицирана високо супериорна автобиогравска меморија (en. highly superior autobiographical memory, or HSAM), состојба што ја имаат уште околу 60 познати луѓе. Сега е 51 година и се сеќава јасно на секој ден од 1980та година: што правела, со кого била, каде била итн., а на минатите20 години може да се сети како што просечните луѓе се сеќаваат на претходните 2 дена.
Таа вели дека оваа состојба не е лесна: на левата страна е присутна, а на десната има постојано ролна од сеќавања како се тркала, секое од нив предизвикано од изгледот на стимулациите на денешниот ден.
Истражувачите откриле дека оние на кои им се дијагностицира оваа состојба се изложени на опсесивно однесување. Тие можеби опсесивно се навраќаат кон спомените, за да ги повторат и учат настаните што ги прави посилни, а повторувањето е еден од најдобрите начини да се запамети информацијата.
Скенирањата на мозокот на дијагностицираните покажал дека тие се изложени на структурни разлики во областите на мозокот поврзани со автобиографското создавање на меморија.
Колку е оваа состојба фасцинирачка знаат само оние кои ја имаат. За сега научниците се сѐ уште далеку од подетални истражувања, но темата сепак станува популарна во САД.