Запознајте ја Ејва Морисон-Бел, 11 годишното девојче од Британија која има сериозни размислувања.
Фото: Twitter
Кога на училиште Ејва го доби прашањето како би можела да се подобри нејзината наставничка, Ејва храбро одговори дека наставничката не треба да го користи колективното казнување бидејќи не е фер за луѓето кои не направиле ништо. И тоа не е сè.
Дополнително на тоа, таа додава и еден историски доказ во кој пишува дека „под женевската конвенција од 1949 година, тоа е воено злосторство“.
И таткото на девојчето бил изненаден, па одговорот го постирал на „Twitter“.
„Не сум сигурен дали да ја казнам или да ѝ купам сладолед“, пишува татко ѝ.
Фото: Twitter
Но, откако твитерџии позитивно реагираа на нејзиниот одговор, нејзиниот татко сепак одлучил да ја почасти со
сладолед.
Фото: Twitter