Финските власти почнаа проект кој на вработените ќе им овозможи да поминуваат повеќе време со децата така што ќе можат да ги донесат на работното место на неколку часа или во текот на целиот работен ден.
Туомас Куртила, омбудсманот за деца во Финска, изјави дека целта на оваа иницијатива е родителите и децата да поминуваат што повеќе време заедно, но и децата подобро да се запознаат со условите во кои работат нивните родители и на кој начин заработуваат пари.
Тој истакна дека досега 800 компании потпишале договор според кој на родителите им се дозволува да ги донесат децата на работното место.
Децата ќе имаат можност заедно со родителите да престојуваат во канцелариите во државните министерства, општините и во другите компании.
- На овој начин членовите на семејството ќе можат заедно да доживеат доста убави и корисни искуства. Им благодариме на сите компании и институции што ќе бидат дел од оваа идеја - изјави
Куртила.