X
 03.04.2015 Култура

Како звучел англискиот на Шекспир или кралот Артур?

Англискиот јазик кој го слушаме во филмовите не е оригинален. Доколку имавме временска машина и се вратевме назад во времето на големите англиски писатели сигурно не би се разбрале со нив.

Шекспирски англиски јазик


Време: 1600-те години. Време на Шекспир. Ова е раниот модерен англиски период, но јазикот воопшто не наликува на овој денешниот. Бен Кристал, син на лингвистот Дејвид Кристал рецитира сонета на јазикот кој го користел Шекспир.



Средновековен англиски јазик

Време: 1300-те години. Тогаш живеел Џефри Чосер. Неговите „Кантербериски приказни“ се разбирливи, но јазикот сепак се разликува. Дајен Џоунс ги чита приказните на јазикот од периодот.



Стар англиски јазик

Веројатно Данците и Холанѓаните имаат повеќе шанси да го научат англискиот јазик од овој период отколку Англичаните. Ова е периодот на „Беовулф“. Бенџамин Бегби чита дел на јазикот од периодот.



Артурски англиски јазик

Јазикот кој го зборувал кралот Артур е келтскиот. Тој воопшто не наликува на денешниот англиски јазик. Не можеме да го чуеме овој јазик, но може да слушнеме бретонски, кој произлегол од келтскиот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура