Колку и да се обидувате, ако се чувствувате нервозни за време на интервју за работа, практично е невозможно да ја сокриете вашата вознемиреност. Клучот е да бидете мирни и да имате поголема самодоверба. Лесно кажано отколку направено, нели?
Но, ако ги вметнете некои од овие стратегии за смирување, тогаш и тоа како ќе го олесните целиот процес. Ви нудиме неколку стратегии што можете да ги следите.
Истражувајте ја компанијата и вежбајте чести прашања кои се поставуваат за време на интервју за работа
„Најдобро ќе го елиминирате стресот и ќе добиете повисока самодоверба ако добро се подготвите за интервјуто“, вели Аманда Августин, советник за кариера.
Најпрво истражете малку за компанијата во која ќе одите на интервју, побарајте како се одвива процесот на интервју и каков вид на прашања поставува компанијата.
Вики Оливер, автор на „301 Smart Answers to Tough Interview Questions“ исто така предлага да се припремите со причини зошто компанијата би требало да ве вработи, кои проблеми би ги решиле и како вашите претходни искуства би ви помогнале.
Подгответе се за најлошото
Како што велат, најдобрата одбрана е добриот напад, па ако знаете како да се справите со чудно интервју, тогаш ќе знаете како да се справите со стресот.
Подготвувањето за најлошото сценарио е стратегија која не остава простор за изненадување. Кога ќе се натераме себеси да се соочиме со најлошото и ментално да го прифатиме, ние сме во можност да се сконцентрираме на проблемот.
Стратегиска ужинка
Августин предлага да го намалите внесувањето на кофеин и да се одлучите за природни бета блокатори како банани, бадеми и сок од калинки. Оваа храна може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, ќе го намали вашиот страв и ќе ги намали отчукувањата на срцето.
Вежбајте
Розмари Хаефнер, главниот менаџер на човечки ресурси за „CareerBuilder“, предлага развивање на рутина пред интервјуто која ќе ви помогне да останете смирени, собрани и оптимисти. Една рутина вклучува вежбање пред
интервју.
„Вежбањето е одличен начин да ја согорите нервозната енергија. Како дополнителен бонус, екстра ендорфините ќе ви помогнат во подобрувањето на расположението и ќе ви овозможат позитивна состојба на умот“, вели таа.
Медитирајте
„Медитацијата е многу едноставно. Само со затворањето на очите некоја минута, длабокото вдишување и визуелизацијата на себеси како поминувате одлично би ви помогнале многу“.
Моќна поза
Пред самото интервју, добро би било да се одлучите за поза која ќе ја покаже вашата моќ, вели Ејми Кади.
Кади ја опишува таканаречената моќна поза како широка и отворена за ставови, кадешто заземате голем дел од просторот и ги држите рацете и нозете оддалечени од вашето тело. „Кога ќе го раширете телото, вашиот ум започнува да се чувствува посамоуверено и моќно - започнува да ги гледа сите предизвикувачки ситуации не како закана, туку како можност“.
Говор за охрабрување
Овие говори се чести во соблекувалните кај спортистите, но можат да бидат одлични и пред интервјуто за работа. Овој говор ќе ви помогне полесно да се справите со стресот и да добиете поголема самодоверба.
Признајте дека сте нервозни
Ако сте нервозни пред интервјуто, преправањето дека не сте, може да ги влоши работите. Според неодамнешно истражување кое доаѓа од Харвард, откако ќе се активира состојбата на вознемиреност, тешко е да се контролира.
Други истражувања од Универзитетот во Бостон велат дека криењето на вашите чувства на вознемиреност може да доведе до зголемување на вознемиреноста.
Некои експерти го носат истражувањето подалеку и дури предлагаат да им кажете на работодавците дека сте нервозни.
Претворете ја нервозата во возбуда
Истражување од Харвард предлага да ја претворите вознемиреноста во возбуда, наместо да се обидувате да се смирите, бидејќи вознемиреноста и возбудата се слични моменти на возбуда.
Кандидати кои учествувале во истражување за вознемиреноста изјавиле дека се чувствувале возбудено за време на јавно говорење, и со тоа од публиката биле перцепирани како поубедливи и покомпетентни.
Престанете да се опседнувате со тоа што ќе кажете следно
Една поголема грешка која луѓето ја прават додека се обидуваат да обезбедат добар прв впечаток за време на интервју е тоа што премногу се обидуваат да изгледаат интересни, додека не земаат во предвид што вели другата личност.
„Фокусирајте се дека сте заинтересирани, а не интересни“, вели Д-р Лилиан Глас, аналитичар на однесувањето на луѓето и експерт за говорот на телото. Таа вели дека со ова ќе го управувате разговорот многу полесно бидејќи на тој начин ќе имате помалку шанси да се изгубите во сопствените мисли.