X
 02.12.2019 Забава

Што жените најпрво забележуваат кај мажите?

Знаеме, не е важен изгледот, туку тоа што се наоѓа внатре, но да бидеме реални - кога ќе забележите згоден тип на шанкот, ретко која од вас размислува за неговата душа. Ова се работи што жените прво ги забележуваат кај мажите.

Како е облечен

Не е убаво да се суди некој според тоа што носи на себе, но тоа го правиме сите бидејќи ни е едноставно. Вкусовите се различни, но едно е сигурно - жените и не се баш луди по мажи кои носат маици на кои пишува „не сум гинеколог, но можам да погледнам“.

Став

Срамежливите мажи што стојат во аголот нема да имаат многу успех кај жените, а нема да имаат ни оние што се премногу гласни и иритантни и единствено тие се слушаат. Најдобрата комбинација е онаа помеѓу овие две крајности - маж со став кој не се труди да биде во центарот на внимание.

Хигиена

Не е баш лесно да се проценат хигиенските навики на прв поглед, меѓутоа, веќе на втор поглед можат. Еден поглед на ноктите, забите и генерално состојбата на мажите и жените знаат со кого си имаат работа.

Пријатели

Со кој си, таков си - ова сите го знаеме и во поголемиот дел од случаите е вистина. Ни најзгодниот маж во светот нема да има многу голем успех кај жените ако е опкружен со друштво кое за таа истата жена е одбивно.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава