X
 02.12.2021 Култура

Езеро во Јапонија изгледа исто како езерото насликано од Моне

Некои од најпознатите слики на Клод Моне се од мирни сцени во кои фокусот е на шарено и кристално чисто езеро. Доколку некогаш сте сакале во живо да го видите ова езеро, треба да знаете дека едно езерце во Јапонија е приближно исто како она на сликите од Моне.

Ова езерце се наоѓа во градот Секи и е долго само 18 метри, а многу наликува на сликите на францускиот уметник кои впрочем ја прикажуваат јапонската градина во неговиот дом во Франција.

Кристално чистата вода во езерцето во Секи доаѓа од природната изворска вода од планината Кога. Планината е составена од вулкански камен наречен риолит, поради кој водата добро се филтрира и во неа нема микроорганизми. Затоа, водата во езерцето е неверојатно чиста и може да се видат сите растенија и риби во него.


Извор: DDL
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура