Ја поканивме Сара Костадиновска, дипломиран уметник од одделот за поп и џез-пеење, дипломиран харфист, специјализант од одделот композиција, наградуван артист и композитор, самостоен уметник и автор, или едноставно пејачката Сара Мејс, на еден школски времеплов
Веднаш ја прифати нашата покана и почна да се присетува на училишните денови. Започнавме од почетокот, со спомените од нејзиното осново училиште „Блаже Конески“ во Скопје. Таа открива дека нејзината љубов кон музиката се јавува уште тогаш.
- Бев одлична ученичка, музичко ми беше омилен предмет, заедно со мојата наставничка по музичко Љубинка Лазаревска. Освен музичко, многу сакав биологија, хемија и граѓанско, а најлоша бев во физика :) - вели Мејс.