Мојата ќерка има 5 години. Оди во градинка од 13 месеци. Од малечка е многу тивка, мирна, повлечена... Мислев дека тоа ќе се смени, меѓутоа, не се менува, таа сè уште е таква... Се плашам. Не го кажува своето мислење без да ја праша некој, не е гласна, не знае да се одбрани ако некој ја напаѓа или ја турка или пак ѝ зема нешто што таа држи во моментот, ја клевети за нешто...
Кажувам дека е таква во градинка, а дома е малку поинаква. Се задева со нејзиното братче, си играат, се бркаат дури и инает му води и му се смее, а тој плаче. И дома е тивка, мирна, скромна, меѓутоа ме плаши со тоа што не умее да се одбрани или да возврати, не го искажува своето мислење. Како што прави нејзината најдобра другарка од градинка, и таа истото го прави, без разлика дали го сака тоа или не, а мислам дека не се ни труди да си изгради сопствено мислење и слика за одредени работи. Мислам дека вака ѝ е полесно да го прифати туѓото.
Ова е дел од читателско прашање упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Јана Зенговска прочитајте го на овој
ЛИНК.