X
 16.10.2020 Култура

Гледачите сметаат дека новиот филм со Ејми Адамс и Глен Клоус треба директно да влезе во трката за „Оскар“

„Нетфликс“ неодамна го објави трејлерот на филм што се смета дека ќе биде еден од главните фаворити за „Оскар“.

Стриминг-платформата наскоро ќе ја објави адаптацијата на најпродаваниот роман „Хилбили елеџи“ (Hillbilly Elegy), во кој глумат Ејми Адамс и Глен Клоуз, за кои многумина сметаат дека ќе влезат директно во трката за „Оскар“ за најдобра актерка.

Напишан од Џ. Д. Ванс, романот е базиран на односот на авторот со неговата мајка (Адамс) и баба (Клоуз).

Габриел Басо го глуми Венс, а филмот е во режија на Рон Хауард.

Адамс и Клоуз имаат десетина номинации за „Оскар“, но никоја досега не ја освоила наградата. Адамс беше  шест пати номинирана за филмовите „Сомнеж“ и „Боксер“, додека Клоуз има седум номинации: првата номинација ја добила во 1983 година за филмот „Светот според Гарп“. Нејзината најнова номинација беше во 2019 година за филмот „Сопругата“.

По објавувањето на трејлерот, публиката силно верува дека или Адамс или Клоуз конечно ќе освои „Оскар“, во зависност од категориите во кои ќе бидат сместени.

„Хилбили елеџи“ е само еден од неколкуте наслови на „Нетфликс“ што се очекува да заработат номинации за „Оскар“. Меѓу другите се и „Судскиот процес зa Чикаго 7“ (The Trial of the Chicago 7), новиот филм на Дејвид Финчер, „Манк“ и „Црното дно“ на Ма Рајни, каде што во главната улога се појавуваат Вајола Дејвис и Чедвик Босман.

Премиерата на „Хилбили елеџи“ е закажана за 24 ноември на „Нетфликс“.



Извор: Independent UK
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура