Кинески универзитети се најдоа на највисоките пет позиции на листата со најдобри универзитети во економиите во развој за 2022 на „Тајмс хајр еџукејшн“.
На
листата се наоѓаат 698 универзитети од 50 држави и региони. Од нив кинески универзитети се на дури 97 позиции. На врвот се наоѓа универзитетот во Пекинг. Оваа година 104 универзитети првпат се наоѓаат на листата, а покрај Кина, доминираат и Индија и Русија. На листата има 71 индиски универзитет и 48 руски универзитети.
10 најдобри универзитети во економии во развој
1. Универзитет во Пекинг, Кина
2. Универзитет во Цингхуа, Кина
3. Универзитет во Џеџианг, Кина
4. Универзитет во Фудан, Кина
5. Универзитет во Шангаџ „Џиао Тонг“, Кина
6. Московски државен универзитет „Ломоносов“, Русија
7. Кинески универзитет за наука и технологија, Кина
8. Универзитет во Нанџинг, Кина
9. Државен тајвански универзитет, Тајван
10. Московски институт за физика и технологија, Русија
Листата се составува врз основа на повеќе индикатори поврзани со предавањата, истражувањата, цитираноста, пренесувањето на знаењата и глобалната соработка на универзитетот.
Извор:
World Economic Forum
Фото: Pixabay