X
 09.06.2017 Образование

Најдобрите универзитети за 2018 година според „QS World University“

„QS World University“ рангираше 200 универзитети за 2018 година.

univerziteti

Институтот за технологија во Масачусетс повторно беше именуван за најдобар универзитет во светот, додека второто место му припадна на Универзитетот Стенфорд. Харвард се најде на третото место а Институтот за технологија во Калифорнија на четвртото место. Кембриџ е на петто место, иако со години важеше за најдобриот универзитет во светот.

Првите 10 места ги заокружува Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих и тоа е единствената земја од Европа која се најде во првите 10. Пред неа е само Велика Британија со вкупно 4 универзитети кои се најдоа на првите 10 места, додека останатите 5 ѝ припаѓаат на Америка.

Ниту еден македонски универзитет не се најде на листата од 200 најдобри универзитети, а не се најде ниту една земја од Балканот.
                              QS World University Rankings 2018: Top 10
               2018               2017        Institution Name              Country/ Territory
                                              MASSACHUSETTS INSTITUTE OF
                1                  1          TECHNOLOGY (MIT)                      US
                2                  2          STANFORD UNIVERSITY                   US
                3                  3          HARVARD UNIVERSITY                    US
                                              CALIFORNIA INSTITUTE OF
                4                  5          TECHNOLOGY (CALTECH)                  US
                5                  4          UNIVERSITY OF CAMBRIDGE               UK
                6                  6          UNIVERSITY OF OXFORD                  UK
                                              UCL (UNIVERSITY COLLEGE
                7                  7          LONDON)                               UK
                8                  9          IMPERIAL COLLEGE LONDON               UK
                9                  10         UNIVERSITY OF CHICAGO                 US
                                              ETH ZURICH (SWISS FEDERAL
                10                 8          INSTITUTE OF TECHNOLOGY)              CH
    
    Подготвил: Тамара Гроздановски

    Издвојуваме

    Слични вести од Fakulteti.mk

    Образование