X
 07.01.2016 Образование

Како ќе изгледаат универзитетите во 2030 година?

Неодамна целиот свет се забавуваше правејќи споредби помеѓу животот во 2015 година покажан во филмот од 1989 година „Back to the future 2“ со реалноста. Што доколку се обидеме да ја предвидиме иднината на академскиот живот?


„Times higher education“ разговарале со повеќе популарни академици и од нив побарале да ја добијат нивната визија за иднината на високото образование. Поточно, овие академици одговорале на прашањето: „Како ќе изгледа високото образование во 2030 година?“.

„За 15 години, никој нема да предава. Професионалните работи за кои ги подготвуваме студентите ќе бидат предавани од интелигентни машини“, вели Ерик Кук.

Многу од испрашаните академици се согласиле дека напредокот на технологијата ќе го промени академскиот свет, но многумина сметаат и дека машините не се способни за инспирирање на своите студенти. Сепак, учењето ќе преживее, смета Кук.

„Ако сум жив до 2030, се надевам дека ќе имам мудар роботски тутор и ментор“, вели тој.


Ворен Бебингтон, пак, смета дека иако трендот за самостојно учење преку интернет расте, до 2030 година, ќе се вратиме кон потрадиционалните универзитетски норми.

„Не мислам да кажам дека универзитетите ќе го напуштат електронското учење, бидејќи овие продолжуваат да го менуваат секој дел од нашите живот. Поточно, предавањето ќе биде повторно битно, како и значењето за студентите да размислуваат аналитички“, вели Бебингтон.

„Тестовите кои се фокусираат на покажување на знаењето нема да бидат единствена алатка за оценување на студентот“, Ден Шварц.

Шварц смета дека традиционалните универзитети нема да исчезнат наскоро, но до 2030 ќе се променат некои работи. Според него, професорите ќе знаат како да ги предаваат потешките концепти, додека науката ќе напредува многу во поглед на разбирањето на методите за учење.

Тестовите нема да бидат единствена алатка за оценување, а ќе се оценува подготвеноста на студентот за учењето во иднина, смета Шварц.

Клер Тејлор смета дека „ќе видиме облик на високо образование кој навистина ги вреднува карактеристиките на индивидуалецот кои се поврзани и не се поврзани со вештините потребни за вработување“.

Тејлор не очекува револуција во високото образование во следните 15 години, но очекува да види повеќе соработки и мрежи меѓу универзитетите низ целиот свет. Поради ова, некои институции ќе нудат индивидуални модули за студирање.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование