X
 05.10.2015 Образование

Секој би посакал да се запише на некој од овие универзитети

Без разлика на тоа дали го „полни“ мозокот како балон, или помага да во разбивањето на циклусот на малолетнички брак, образованието ги опремува децата со алатките кои им се потребни за да успеат.

 

55


Бројот на високообразовани луѓе низ светот е во пораст, со 7 од 100 луѓе во 2011 наспрема 1 од 100 луѓе во 2006 година.

Можеби цената е висока во некои земји, меѓутоа факт е дека факултетот е местото кадешто работната сила низ светот оди за да изгради вештини, да ги помести границите и да го зајакни потенцијалот на заработка.

И сега сигурно се прашувате: каде овие милијарди високообразовани луѓе одат на факултет?

Одговорот е: насекаде низ светот. Додека понекогаш е примамливо да се мисли дека Америка, Европа и остатокот од Западот го презедоа пазарот на универзитетите, факт е дека квалитетните универзитети постојат насекаде низ светот. Ви ги нудиме некои од најдобрите.

1. Универзитетот во Буенос Аирес

Локација: Буенос Аирес, Аргентина | Основан: 1821 | Запишани студенти: 310.000

 

1


Не само што Универзитетот во Буенос Аирес е скапоцен камен на аргентинскиот високообразовен систем, туку тој е и универзитетот со најмногу запишани студенти во цела Латинска Америка. Она што е најимпресивно е дека четворица од студентите имаат добиено Нобелова награда - тоа е многу повеќе од било која институција која зборува на шпански. Познатиот револуционер Че Гевара учел медицина токму на овој универзитет.

2. Универзитетот во Гана

 

 Локација: Акра, Гана | Основан: 1948 | Запишани студенти: 38.000


2



Најдобриот универзитет во Гана е основан како Универзитетскиот колеџ во Голд Коуст, филијала колец на Универзитетот во Лондон. Училиштето може да се пофали со голем број институции и програми, вклучувајќи и медицински факултет, Факултет за сценски уметности и Институт за африкански студии. На овој Универзитет дипломирале голем број на влијателни политичари на Гана, меѓу кои и актуелниот претседател и неговиот претходник.

Интересен факт: Ова е еден од ретките универзитети во Африка кои нудат програми по нуклеарна физика и инженеринг.

3. Универзитетот во Техеран


Локација: Техеран, Иран | Основан: 1934 | Запишани студенти: 34.000

 

3


Збогатувањето со ураниум и нуклеарните стравови е фактот што Иран е дом на едно од најстарото културно наследство во светот. И токму овој Универзитет е дел од ов големо богатство. Најстариот модерен универзитет на Иран ги учеше некои од најдобрите научници на нацијата, политичари и доктори. Иконската главна порта на Универзитетот (на сликата погоре) е украсена со задниот дел на банкнотата од 500 ријали.

4. Универзитетот во Кејп Таун

Локација: Кејп Таун, Јужна Африка | Основан: 1829 | Запишани студенти: 26.000

 

4


Оригиналното основан како училиште за момчиња, Универзитетот во Кејп Таун е најстариот универзитет во Африка, во зависност од тоа кога започнувате да броите. Се смета дека е најдовриот Универзитет, со оглед на фактот што пет дипломци добиле Нобелова награда вклучувајќи го и Макс Теилер, кој во 1937 година создаде вакцина против жолтата треска. Назад во средината, до крајот на 90-тите, УНиверзитетот стана извор на силно противење на политиката на апартхејдот.

Љубителите на историјата ќе го ценат ова: Одделението за археологија содржи доста интересни артефакти, вклучувајќи го и написот од лушпи од јајца од ној стари 60.000 години кој претставува еден од најраните докази за човечката мисла.

5. Националниот Универзитет Сан Маркос

Локација: Лима, Перу | Основан: 1551 | Запишани студенти: 33.000

 

5


Оваа Перуанска институција го победува Харвард затоа што претставува најстариот универзитет во Америка стар околу еден век. Основан од кралскиот декрет откако Шпанија го освоила  регионот, првите области на студии на овој Универзитет вклучувале теологија, филозофија и право. Од тогаш, академските придонеси на Сан Марко се зголемија на десетици други полиња, вклучувајќи медицина, економија и инженерство.

6. Универзитетот Санто Томас

Локација: Maнила, Филипини | Основан: 1611 | Запишани студенти: 42.000

 

6


Опишан како најстариот универзитет во Азија и најголемиот католички универзитет во светот, Санто Томас е стар повеќе од 400 години. Најпрво универзитетот бил само за учење теологија, меѓутоа се прошири и на други полиња. Во јануари оваа година, папата Френсис стана третиот папа кој го посетил универзитетот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование