X
 03.01.2017 Живот

„Зелен бран“: Како еден човек успеа да фати 236 последователни зелени светла?

Доколку редовно сте во автомобил, тогаш знаете колку човек може да го усреќат 2 последователни зелени светла. Токму „му се посреќило“ на њујоршкиот таксист Ноа Форрман кој успеал да фати не 2, туку 236 зелени семафори.

Неговиот систем за мамење на системот за сообраќај започнал во 2014 година кога видел видео од возач кој успева да фати 55 зелени семафори.

„Мислев дека можам да ја надминам оваа бројка. После неколку години возење, забележуваш дека постои шема“, вели тој.

Форман вози такси уште од 2005 година, а се стекна со слава во 2014 кога постави видео на „YouTube“ како поминува 100 зелени светла по ред.

„Се' што е потребно е да се обидеш да возиш со умерено темпо и да истемпираш така што нема да има потреба да застануваш. Во вистинското време, светлата се менуваат едно по друго“, вели тој.

Неговата следна цел е да фати 500 последователни зелени светла, меѓутоа не брза и ја нагласува важноста да се почитува законот.

„Дури и ако се промени системот, се' се развива и тече“, вели тој. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот