X
 17.03.2023 Живот

Овој сообраќаен знак со години бил популарен низ светот, но денес можете да го видите само на две места

Возачите многу добро ги познаваат сообраќајните знаци, како и нивното значење. Но, понекогаш се случува да се воведат нови или некои да се исфрлат од употреба.

Британското Министерство за транспорт во далечната 1955 година го одобрило црвениот триаголник со полна црна точка како нов сообраќаен знак, а тој бил поставен на места каде што често се случувале несреќи со тешки последици.

Знакот честопати бил придружуван со објаснувањето „accident black spot“. Тој знак служел за да ги предупреди возачите да бидат дополнително внимателни. Набрзо станал популарен во целиот свет, но денес полека исчезнува од патиштата.

znak
Фото: Twitter

Сообраќајните експерти сметаат дека триаголникот со точка е непотребен.

Според сведоштвата на возачите, денес овој знак може да се најде само во Хонгконг и на едно место во Велика Британија.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот