X
 30.08.2024 Живот

Причини поради кои не би ве пуштиле во ЕУ според новите правила за патување

При влез во ЕУ, од 10 ноември на граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе им треба посебен сертификат, но и тоа нема да им гарантира влез во некоја од земјите членки. Еве кои се причините зошто би можеле да ве вратат од граничните премини.

Дури и добивањето на дозволата не значи дека на патникот автоматски му се дозволува влез во земја на ЕУ. Сите патници ќе бидат проверени, а граничен службеник може да одбие влез на лице кое не ги исполнува условите. На лицата без овластување од ЕТИАС, секако, ќе им биде одбиен влез на граница.

Така, причината за одбивањето влез може да биде закана за безбедноста, која ќе се утврди со проверка на базата на податоци, а податоците ќе им бидат достапни на полициските служби на земјите членки на шенген-системот и на полициската агенција „Европол“ за време на криминалните истраги. Исто така, може да ви биде одбиен влез поради здравствени ризици, кои ќе бидат утврдени со лекарски преглед.

Услов за влез во земја на ЕУ е престојот да е оправдан и можеби нема да можете да влезете во таа земја доколку немате доволно пари до моментот кога планирате да се вратите. Вообичаената сума е околу 100 евра дневно и зависи од земјата членка на ЕУ. Сите земји членки имаат свои правила и пропишана минимална сума на пари неопходна за престој во нивната земја.

На пример, од посетителите во Шпанија од земји што не се членки на ЕУ може да се бара да покажат дека имаат пари за својот престој во земјата. Во Шпанија треба да имате минимум 90 евра дневно по лице за време на вашето патување. Освен „издржување“, од вас може да побараат и доказ за сместување и билет за повратно патување.

Во Франција сумата е слична на онаа во Шпанија, но доколку немате потврда за сместување, ќе ви требаат 120 евра дневно. Во Германија, како и во Италија, сумата е многу помала, само 45 евра дневно.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот