X
 03.01.2019 Живот

Костарика планира да биде првата јаглерод-неутрална земја и земја без пластика

Костарика е една од топ 5-те земји во светот што водат на патот кон обновливи извори. Можеби е мала, но има огромно влијание врз животната средина. Уште од 2014 година, 99 отсто од енергијата на оваа земја е од обновливи извори и беше 100 отсто на обновлива енергија повеќе од два месеци, двапати во изминативе две години. Од јуни 2017 година постави за цел да ја искорени употребата на еднократна пластика до 2021 година - првата земја во светот што планира да го направи тоа. А во летото во 2018 година, земјата ги најави целите за целосно јаглерод-неутрална до 2021 година, со што ќе биде првата јаглерод-неутрална земја во светот.

Уште од 80-тите, владата сфати дека главното средство на самата земја е природатаи  затоа прави сѐ за да ја заштити: меѓу другото и затворање на зоолошки, пошумување и воспоставување на заштитени области (25 отсото од целосната површина на земјата).

костарика

Во изминативе 4 години, Костарика генерирала 99 отсто од нејзината електрична енергија од обновливи извори користејќи ги нејзините реки, вулкани, ветрови и соларна моќ. Хидроелектричната фабрика на реката Ревентазон била пуштена во функција во 2016 година, а станува збор за најголемата фабрика од ваков вид во Централна Америка. Освен тоа, има и седум ветерни турбини и соларна фабрика. 3/4 од обновливата енергија доаѓа од хидроелектрични фабрики што ја користат водата од реката; останатото е геотермална моќ и моќ на ветрот проследено со биомаса.

На Светскиот ден на природната средина минатата година, земјата го најави новиот национален план за искоренување на еднократната употреба на пластика до 2021 година. Од тој момент па натаму, пластиката била заменета со алтернативи што се 100 отсто рециклирачки и биоразградувачки и не се базирани на нафта. Земјата има техничка и финансиска поддршка од програмата за развој на ОН која им помага да го постигнат ова.

Претходно оваа година, Карлос Алварадо Кесада беше избран за нов претседател на Костарика и неговиот прв акт во канцеларијата беше огромен чекор напред кон намалување на карбонизација. За време на неговата инаугурација, тој ја најави неговата иницијатива за забрана на фосилни горива како и за првото декарбонизирано општество.

1

-Декарбонизацијата е најголемата задача за нашата генерација и Костарика мора да биде една од првите земји во светот што ќе го постигне тоа, ако не и прва - изјави тој.

Иако признава дека создавањето на општество без јаглерод е огромен но прекрасен предизвик, тој уверен е дека може да го постигнат.

- Ослободувањето од фосилните горива е голема идеја што доаѓа од мала држава. Ова е идеја што започнува да добива меѓународна поддршка со растот на новите технологии. Земја која за брзо време се ослободува од фосилните горива, фокусирањето на транспортот, еден од најголемите предизвици, може да испрати моќна порака до светот - вели економистот Моника Араја, експерт за обновливи извори и директор на „Костарика Лимпија“, компанија што промовира обновлива енергија и електричен транспорт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот