X
 15.02.2019 Наука

Нова техника може да претвори четвртина од пластичниот отпад во гориво

Редуцирај, реупотребувај, рециклирај. Кога станува збор за кризата со натрупувањето на пластичниот отпад, немаме начини за запирање на текот.

Наскоро можеби ќе можеме да додадеме и премотај на листата благодарение на нова техника за претворање на полипропиленот, кој сочинува голем дел од пластичниот отпад, во течни хидрокарбонати. Тоа можеби нема да е крајното решение, но правењето гориво од отпад би ни овозможило нов економски стимул за чистење на нашето ѓубре.

Хемичарите од Универзитетот „Пердју“ во САД имаат идеја за паметен начин за претворање на полимерите во течност, а тие сочинуваат околу една четвртина од сиот пластичен отпад и ги претвораат резултатите во продукти слични на дизел.

- Нашата технологија за конверзија има потенцијал за зголемување на профитот на рециклирачката индустрија и намалување на светскиот пластичен отпад - вели хемискиот инженер Линда Ванг.

Нивната техника се заснова на чудна апсурдност на водата - кога ќе се истисне и загрее во исто време, таа може да се однесува и како течност и како гас. Оваа фаза се постигнува со зголемување на нејзината температура на малку помалку од 500  Целзиусови степени на неколку часа, додека во исто време се применува притисок со сила од околу 23 мегапаскали.

Во таква форма, водата може да се однесува како микс од растворувач и катализатор за промена на молекуларната композиција на полимерите на пластиката, претворајќи ја пластиката во нафта со помош на донирани атоми на водород.

Овој процес, кој се нарекува хидротермално претворање во течност, се користи за неколку други процеси.

И претходно се применувал кај полиетилен, но резултатите не беа задоволителни и не беа соодветно опишани, па Ванг и нејзиниот тим морале да се обидат повторно.

Тие успеале да претворат повеќе од 90 отсто од полипропиленската маса на моделот во производи како нафта која е на ниво на гориво. Анализите потоа покажале дека процесот бил потенцијално енергетски поефикасен и пријателски за околината отколку горењето или рециклирањето на отпадот.

Помалку од 20 отсто од пластиката што ја користиме се враќаат на конверзија во нови производи.

- Раководењето со пластичниот отпад, без разлика дали тој е рециклиран или фрлен, не значи дека тоа е крајот на приказната. Тие пластики се распаѓаат бавно и испуштаат отровни микропластики и хемикалии во почвата и во водата. Тоа е катастрофа бидејќи штом еднаш овие загадувачи ќе дојдат до океаните, невозможно е целосно да се повратат - вели Ванг.

Претворањето на пластиката во гориво можеби не е совршениот одговор, но може да ни го даде билетот кој ни е потребен за да тргнеме по патот кон подобро решение.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука