X
 27.12.2017 Живот

Несмасна генерација: 12-годишници на ниво на 6-годишници

Ирските научници спровеле истражување меѓу децата и утврдиле дека нивните основни физички вештини се на ниво кое е далеку под нивната возраст.


Меѓу испитаните 12-годишни деца успешноста во извршувањето задачи како скокање или фрлање била на ниво кое се смета дека одговара на 6-годишници. Многу вознемирувачки податок е дека во друга спроведена студија, во која биле испитувани 250 адолесценти, само еден успеал да ги изврши сите предвидени задачи. Слично истражување на деца од претшколска возраст покажало дека само 3% од децата умеат да изведат скок во височина, а само 2% да фатат топка.

Децата што не развиваат физички вештини навреме, подоцна тоа тешко можат да го надоместат. А најважен начин на нивното стекнување е играта, пишуваат во „Ајриш Тајмс“.

Моторичките вештини се во корелација со детската тежина. Подебелите деца се помалку физички подготвени, а дебелеењето се шири меѓу малите деца како епидемија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот