Играта „Фудбал менаџер“ од „Спортс интерактив“ им овозможува на играчите да се нурнат во светот на тренерите, да го преземат својот омилен тим и да го водат до слава. Рекордер е Павел Сичински, чија игра траела дури 528 виртуелни години.
Павел ја започнал играта на виртуелен датум, односно во јануари 2018 година, а траела до 21 мај 2546 година. Прикажал 25.084 натпревари и има победнички просек од 73 проценти. За време на неговата долга виртуелна кариера, тој поминал дури 310 години како тренер на исландскиот „Фимлеикафелаг Хафнарфјард“, помеѓу 2114 и 2434 година.
- Мојот најголем успех е тоа што ги водев до 301 национална титула, 677 трофеи на куп, Лига на шампиони, Лига Европа и Светско клупско првенство. Ги сакам помалку познатите лиги, а исландската лига ме интересира уште од детството. Освен тоа, постигнувањето успех со практично непознат клуб носи многу радост и задоволство - изјавил Павел.
За време на својата виртуелна кариера тој успешно ги водел европските гиганти „Манчестер Сити“, „Арсенал“ и „Интер“. Тој поминал 10.887 дена во играта, што е 453 дена и 15 часа, во реално време.
Играта „Фудбал менаџер“ се појави во 1992 година како „Чемпионшип менаџер“ и е симулација наменета за љубителите на фудбалот кои сакаат да ги тестираат своите вештини во управувањето со тимови. Игрите нудат купување и продавање играчи, избор на тактики, соработници и слично.
Пред Павел, рекордер бил Германецот Сеп Хедел, кој собрал 333 виртуелни години во верзијата на играта од 2017 година. Неговото време на игра изнесувало 81 ден и 20 часа, во реално време.
Како прв рекордер во категоријата, Дарен Бленд, поминал 154 сезони како тренер на „Фиорентина“, а неговата кариера ненадејно била прекината откако случајно истурил течност на својот лаптоп.
Извор: Klix.ba
Фото: Platform X