X
 03.01.2021 Живот

Што најмногу гуглале Македонците во 2020 година?

Одговорот на прашањето што најмногу гуглале жителите на Македонија изминатава година го знаеме сите - коронавирус. Но, покрај тоа има уште неколку нешта што им биле интересни за Македонците.

Традиционално, Факултети.мк ви ги пренесува најпребаруваните нешта за изминатата година во неколку категории.

Коронавирус, купувам домашно, времето утре, рецепт за палачинки... Што гуглале Македонците во изминатите 6 месеци

Најпрвин ќе почнеме со сите категории, каде што најпребарувана тема е „Coronavirus - Virus“, по што следуваат „Coronavirus disease 2019 - Disease“, „Worldometers - Website“ (страницата на која има статистички податоци за заболени, починати и оздравени од коронавирус за сите земји во светот), „Microsoft Teams“ (платформа за комуникација) и „Learning management system“.

Петте најпребарувани термини изминатава година биле „коронавирус“, „купувам домашно“ и „времето утре“.

Фото: Google (printscreen)

Во категоријата која годинава ни ги окупира животите - здравје - нормално владее пребарувањето за коронавирусот, а меѓу најпребаруваните теми се најде и „пандемија - епидемија“. Останатото е очигледно.

Фото: Google (printscreen)

Во категоријата работа и образование, најпребаруваните теми посочуваат дека Македонците се интересирале за гитари, за УГД и „Зум“, додека во најпребаруваните термини и во оваа категорија има „купувам домашно“, но може да се забележи и дека се пребарувале „тестови Б-категорија“ и „речник албански-македонски“.

Фото: Google (printscreen)

Коронавирусот ни навлезе и во уметноста, што може да се види и по најгугланите теми во категоријата уметност и забава. Освен тоа, во оваа категорија влегува и „Јужни ветар“, а Македонците гуглале и за „Оскарите“.

Фото: Google (printscreen)

Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот