X
 27.02.2024 Здравје

Можно е предозирање со витамини - симптомите се загрижувачки

Веројатно сте слушнале дека ако се претера со добрите работи, тие може да станат лоши. Тоа важи и за витаминските додатоци бидејќи земањето премногу витамини може да биде штетно за вашето здравје.

Ова може да звучи контрадикторно бидејќи витамините често се земаат како дополнување на хранливите материи кои можеби ни недостигаат во исхраната. Лекарите може да предложат да земате витамини откако ќе потврдат дека имате недостиг и ќе ве советуваат да се придржувате до препорачаните дневни дози.

Предозирање со витамини се случува кога човек консумира многу повеќе од дневната препорака во подолг временски период. Иако телото може да лачи прекумерни количини на витамини растворливи во вода како витамин Ц, сепак, може да ги задржи витамините растворливи во масти, како витаминот А, кои можат да бидат токсични.

Еве неколку витамини за кои е докажано дека се токсични ако се земаат прекумерно, заедно со симптомите на предозирање:

Железо - гадење, крвава столица, дијареја, вртоглавица, главоболка, задржување течности во белите дробови и треска.

Витамин А - губење на косата, оштетување на црниот дроб, силни главоболки, болки во коските, заматен вид, сува кожа и повраќање.

Витамин Д - абнормален срцев ритам, запек, често мокрење, мускулна слабост и конфузија.

Витамин Е - ја попречува способноста на телото да ја згрутчи крвта, што може да биде штетно за оние што земаат лекови за разредување на крвта.

Витамин Б - Б6: може да предизвика оштетување на нервите, додека Б3 може да предизвика жолтица, покачени нивоа на ензими на црниот дроб и гадење.

Ако одлучите да купите витамини, секогаш следете ја препорачаната дневна доза за да избегнете прекумерно внесување. Пред купување се препорачува да се консултирате со лекар или нутриционист за процена.

Извор: Nova.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје