X
 19.12.2021 Наука

Новата литиумска батерија може да се наполни 10.000 пати

Истражувачите од Универзитетот „Харвард“ направија чекор напред во технологијата на батериите - долготрајна литиумска батерија во цврста состојба.

- Литиум-металната батерија се смета за свет грал за хемијата на батериите - изјави истражувачот Ксин Ли.

Силно, поевтино, побрзо: повеќето од денешните електрични возила се напојуваат од литиум-јонски батерии, ист тип батерија што ќе ја најдете во вашиот лаптоп или паметен телефон.

Овие батерии побрзо се распаѓаат и им треба долго време за да се полнат. Тие, исто така, понекогаш се запалуваат - сите карактеристики што можат да ги одвратат луѓето од купувањето електрични возила.

Научниците од „Харвард“ тврдат дека нивната нова литиумска батерија во цврста состојба може да се наполни и испразни најмалку 10.000 пати. Тоа би можело да го зголеми животниот век на батеријата на електричните возила до 15 години - во моментов на повеќето им се гарантираат само 8 години или 160.000 километри.

Батеријата, исто така, може да им овозможи на луѓето целосно да ги наполнат своите електрични возила за само 10 до 20 минути.

Основи на батериите: батериите имаат четири главни компоненти: катода (позитивно наполнета), анода (негативно наполнета), сепаратор (за да не се допираат) и електролит (течност или гел што ја носи струјата од едната страна до другиот).

Кога батеријата е во употреба, јоните во електролитот се движат од анодата до катодата, создавајќи електрична струја за напојување на уредот. Кога батеријата се полни, тие се враќаат назад кон анодата.

Предизвикот:
литиумската батерија во цврста состојба го заменува течниот електролит со еден направен од цврст материјал, обично некој вид керамика. Исто така, ја заменува тешката анода, обично направена од графит, со полесна од литиум-метал и само облога од графит.

Овие промени го намалуваат ризикот од пожар и овозможуваат батеријата да се полни побрзо и да задржува повеќе енергија.

Извор: Freethink.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука