X
 08.09.2016 Технологија

Микрософт и Мерцедес се здружија за да направат "канцелариски" автомобил

Не секогаш ви се допаѓа кога поради работни обврски поминувате долго време во возење на автомобил. Но сега иницијативата за проектoт на “Microsoft“ и “Mercedes-Benz“ има за цел да ви ги направи долгите часови на возење попријатни.

“Microsoft“ и “Mercedes-Benz“ работат заедно на проект “In Car Office“, со кој се предвидува да се интегрира “Microsoft Exchange“ инфо во забавно информативниот систем на вашиот Мерцедес автомобил.



автомобил на Microsoft и Mercedes-Benz



Навигациските единици се целосно автоматски во автомобиот, кои вклучуваат давање на насоки за возење кон на пример претстојниот состанок, или ви се нуди целосен автоматски повик за да стапите во контакт со вашиот клиент додека сте на пат.

За среќа нема да мора да чекате многу долго за реализација на овој проект, се очекува тоа да биде во средината на 2017 година. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија