X
 19.06.2024 Живот

Погледнете како изгледа поларната светлина од вселената

Вселенското летало „Старлајнер“ моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, а екипажот ги тестираше погоните на капсулата, поради одредени проблеми. Додека тоа се случуваше, астронаутите на НАСА лебдеа во блиската капсула „Спејс екс Драгон“, која исто така е прикачена на Меѓународната вселенска станица, и ја снимија поларната светлина која „трепереше“ зад задниот дел на „Старлајнер“.

- „Старлајнер“ помина низ неколку тестирања денес, па одлучивме да го провериме. Моментот беше одличен со оглед на тоа што поларната светлина убаво се усогласи со погоните на сервисниот модул на вселенското летало - објави еден од астронаутите.

Поларната светлина позната и како арурора бореалис се појавува кога Сонцето еруптира и испраќа наелектризирани честички кои комуницираат со линиите на магнетното поле што ја опкружуваат Земјата. Честичките светат и испраќаат светли бои. Сонцето е особено активно во моментов бидејќи го достигнува својот врв во својот нормален 11-годишен циклус на активност, поради што овие емисии почесто се гледаат на Земјата и во вселената.

Извор: Space.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот