Ништо не би било необично ако Охрид покрај eзерото имаше затворен базен. И оваа зима, којзнае која по ред, охридскиот делфин Славчо Цветкоски брза од затворениот рекреативен базен во охридски хотел до базенот во Струга. И тоа по двапати дневно. И летото беше во трчање до базенот на СРЦ „Билјанини Извори“. И сè ќе беше поинаку ако Охрид имаше свој покриен, затворен пливачки базен во кој би тренирале децата, па ова немаше да биде секојдневието на Славчо, охридскиот делфин, поранешен меѓународен и државен првак, пионерски и кадетски државен рекордер во дисциплините 50 и 100 метри делфин. Но тоа не го запира во неговата мисија – да создава идни шампиони во пливање кои ќе го надминат учителот.
Прочитајте повеќе на овој
ЛИНК.