Секое утро пред предавањата или работата бараме како да се загрееме, а најдобар начин за тоа е топлата супа. Ова добро го знаат во Турција.
За да го подобри квалитетот на живот и стандардот на младите луѓе во текот на нивното образование, градот Бурса во северозападниот дел од Турција поставил фонтани со супа.
Првите такви фонтани биле изградени во Измит пред неколку години, а граѓаните имале можност да ги користат на повеќе локации, меѓу кои и на кампусот на Универзитетот „Умутепе“. Фонтаната брзо им го привлекла вниманието на граѓаните и најчесто била користена наутро.
Проектот бил привремено стопиран и фонтаните биле затворени поради пандемијата, но претходно биле изградени и фонтани на универзитети во Бурса. Вакви фонтани биле изградени пред шест книжарници, центри за млади и на два универзитетски кампуси, а биле финансирани од градот.
- Фонтаната е одлична инвестиција, особено за луѓето што се во лоша финансиска ситуација. Од 9 часот наутро студентите веќе пијат супа. Пиеме, разговараме, уживаме околу фонтаната, ова е одлично за студентскиот стандард - изјавил студент.
Извор:
Moj Faks
Фото: Pixabay