X
 26.12.2018 Наука

Откриено наоѓалиште на праисториски животни во Југозападна Турција

Големо наоѓалиште со над десет вида животни, кои живееле пред два до девет милиони години, е откриено во Југозападна Турција.

- Во Мала Азија, која се наоѓа на крстопат меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток, се лоцирани многу такви гробници на луѓе и животни што живееле тука пред илјадници години - изјави Ахмет Ихсан Ајтек, антрополог од Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој“ во округот Бурдур.

Ајтек е раководител на 14-член тим во кој учествуваат палеонтолози и геолози и кој почна со проучувањата во Денизли минатата година.

 - Откривме фосили од 14 различни вида животни, што е од исклучителна важност за расветлување на историјата на оваа област - додава тој.

Меѓу новооткриените праисториски животни се два вида жирафи (без долг врат), два вида носорози (слични на денешните), три вида коњи, лисица, два вида хиени и фосил на слон, морфолошки сличен на денешните носорози. Останатите три фосили припаѓале на рогати животни што потсетуваат на современите антилопи, и еден сѐ уште неодреден фосил.

- Останките на лисицата се од особено значење бидејќи се едни од најстарите откриени досега во Мала Азија - истакна Ајтек.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука