X
 03.02.2024 Живот

Идеалната должина на одморот е осум дена

Тешко е да се знае колку дена одмор треба да земеме за да се чувствуваме поефикасни, особено ако патуваме. Тоа зависи од видот на работата, финансиската состојба и желбата како сакате да го поминете времето. Но, научниците имаат претстава за должината на одморот, а тоа е нешто повеќе од една недела.

Истражување објавено во „Журнал на студии за среќа“ покажува дека влијанието на одморот врз здравјето и благосостојбата кај повеќето испитаници достигнало врв околу осмиот ден, а овие чувства се вратиле на основната вредност по една недела помината на работа (дури и по долг одмор од три недели или повеќе).

Џесика де Блум, една од истражувачите, изјавила дека е многу тешко да се измери вистинската должина на одморот бидејќи не можете случајно да им доделувате одмор на луѓето и да го проучувате статистички - секој е различен и се опушта на различни начини. Сепак, дури и при мерењето на подолгите одмори, чувствата на здравје и благосостојба достигнуваат врв околу осмиот ден.

Ондреј Митас, истражувач и виш предавач специјализиран за туристички искуства, благосостојба и квалитет на живот на Универзитетот „Бреда“, изјавил дека златната средина е одморот да не биде предолг, до моментот кога искуствата ќе почнат да изгледаат како да сте во редовна состојба, но не и премногу краток, бидејќи ќе немате доволно време да се исклучите.

И додека работниците со полно работно време во Европа имаат околу 25 или повеќе денови платен одмор, работниците во САД имаат значително помалку. „Форбс“ известува дека 28 милиони Американци немаат платен одмор, а податоците од 2022 година собрани од Бирото за статистика на труд покажуваат дека вработените во приватниот сектор добиваат помеѓу 11 и 20 дена платен одмор, во зависност од годините на работен стаж.

Американците порано земеле повеќе денови за одмор. Асоцијацијата за патувања на САД информира дека помеѓу 1978 и 2000 година просечниот број на земени платени слободни денови бил 20,3 годишно. До 2018 година 52 отсто од работниците изјавиле дека и малку работеле за време на нивните одмори (одговарале на е-пошта и учествувале на конференциски повици).

Без оглед на тоа колку денови можете да одвоите, треба да ги искористите деновите за одмор што ви следуваат стратешки планирајќи да ви се совпаднат и со државните празници, на пример, ако празникот е во четврток, слободно земете го и петокот за да го направите она што Французите го нарекуваат „faire le pont“ или „направи мост“ за спојување кон викендот.

Извор: Forbes.n1info.rs

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот