Патниците често се соочуваат со неколку чести здравствени проблеми кога одат на одмор. Фармацевтот Нијам Мекмилан споделува неколку совети како да останете во добра форма за време на одморот и кои производи можат да ги спречат неволјите во патувањето.
Дигестивни проблеми
Очигледно, овој проблем не е невообичаен за оние што патуваат во странство. Според Нијам, проблемите со варењето може да се јават кога посетувате земји кои имаат пониски стандарди за хигиена на храната, несоодветни санитарни простории и ограничен пристап до чиста вода.
- Голема непријатност и патничката дијареја се едни од најчестите здравствени проблеми што се јавуваат за време на патувањето, па затоа е важно да се осигурите дека вашиот имунолошки систем е силен - според Нијам.
За да го направите вашиот одмор релаксирачки и забавен како што треба, Нијам ве советува редовно да пиете течности и да носите производи за рехидратација.
Каснување од инсекти
Каснувањето од инсекти на одмор може да биде неверојатно досадно и болно. Има неколку работи што можете да ги направите за да го одбегнете ова.
- Погрижете се да ја покриете кожата ако сте надвор во периоди од денот кога инсектите се особено активни, како што се изгрејсонце или зајдисонце, и нанесете средство за заштита од инсекти на изложената кожа - советува таа.
Се препорачува и одбегнување производи со силни мириси, како парфеми и шампони, бидејќи тие можат да привлечат инсекти.
Иритирани очи
- Кога сме на одмор, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат иритација на нашите очи, како што се морскиот ветер, солената вода, сончевата светлина, па дури и климата. Климата игра важна улога во тоа колку удобно се чувствуваат вашите очи - вели Нијам.
Иако вашиот прв инстинкт е да се повлечете во климатизирана просторија, Нијам смета дека ова не е секогаш најдоброто решение бидејќи промената може да предизвика сушење на очите. Затоа препорачува да си носите капки за очи.
Проблеми со усните
Повеќето од нас знаат дека треба да користиме крем за сончање кога ќе пристигнеме во сончеви места за да избегнеме болни изгореници. Сепак, многумина ќе заборават да се погрижат за усните.
- Нечии усни се многу чувствителни на сончевите УВ-зраци. Усните имаат тенок слој на кожа и се едни од најранливите делови на телото бидејќи секогаш се изложени на сонце кога човекот е надвор - вели Нијам.
Таа советува секогаш да се нанесува заштитен балсам за усни со заштитен фактор најмалку 30 минути пред излегување и да се запамети повторно да се нанесува во текот на денот, особено по јадење или пиење.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay