X
 03.11.2018 Технологија

Пронајден рецепт за „зауздување“ на твитерџиите

Твитерџиите се познати како „незгодни луѓе“ кои секогаш имаат што да кажат и да искритикуваат. Тие добија поголем простор за тоа, но, судејќи според статистиките, не го користат. Давањето поголем простор изгледа е рецепт за „зауздување“ на твитер-заедницата.

Од воведувањето на лимитот од 280 карактери, само еден отсто од корисниците објавуваат твитови со максимална должина, а 12 отсто од објавите имаат повеќе од 140 знаци. По една година откако „Твитер“ ја воведе можноста за пишување подолги објави (дуплирајќи го бројот на дозволени карактери од 140 на 280), социјалната мрежа објави дека твитовите, парадоксално, станале пократки и попристојни.

На пример, корисниците што твитаат на англиски јазик пишуваат статуси со должина од 33 карактери.

- Луѓето чии објави имаат 280 карактери почесто пишуваат „молам“ (54 отсто) и „благодарам“ (22 отсто) и почесто користат скратеници - истакнуваат од „Твитер“. Трендот е забележан меѓу корисниците на сите јазици.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија