X
 03.03.2020 Економија

Финска му доделува стан на секој бездомник

Речиси сите држави имаат проблем со бездомниците, но Финска претставува пример за другите според начинот на кој се справува со нив. Станува збор за привремена иницијатива која може да доведе до долготрајно решение. Оваа земја во 2008 година ја претстави политиката наречена „Првин дом“. Концептот е едноставен: секој жител има право на мал стан, дури и оние со проблеми со менталното здравје и со финансиски проблеми. Оттогаш бројот на бездомници драстично се намалил и продолжува да опаѓа.


Фото: Pixabay

Претходно Финска нудела заеднички засолништа за бездомниците, но заклучила дека ова не им помага на бездомниците да застанат на нозе и да изградат стабилен живот. Компаниите за изнајмување економични станови, како „Вај-фондација“, почнале да ги реновираат старите станови, а невладините организации претвориле напуштени локации во живеалишта кои им се нудат на бездомниците.

Во последните 10 години иницијативата понудила 4.600 стана и ја направила државата единствена во која бројот на бездомници се намалува. Владата нуди станови за оние на кои им се потребни, но и им помага на жителите полесно да се интегрираат во општеството. Достапни се и социјални работници за советување и помош. Ова им помага на бездомниците полесно да најдат работа и да станат финансиски независни.

Извор: Мymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија