X
 27.03.2018 Култура

Овој неверојатен хотел нуди најдобар поглед на аурора бореалис


Аурора Бореалис
(Фото: Thinkstock)


Набљудувањето на поларната светлина само по себе претставува фасцинантно искуство, но пронаоѓањето совршена локација за таа активност е малку потешка задача.

Најдобрите локации за набљудување на аурора бореалис најчесто се прилично оддалечени од цивилизацијата, на особено студени места.

Сепак, новиот мобилен хотел на санки на финската компанија „Off the Map Travel“ нуди еднакво фасцинантно искуство во уживањето во поларната светлина во значително поудобни услови.




Според пишувањето на „Дејли мејл“, засега постојат три такви хотели, со соби во кои можат да се сместат по две лица.

Во секоја капсула гостите имаат на располагање сè што би имале во кој било друг удобен хотел – кревети, трпезариски маси, греалки и екстерен тоалет.

Најдобрата работа секако е стаклениот покрив преку кој посетителите можат непречено да ја набљудуваат аурората од своите топли кревети.

Резервациите траат до средината на април, кога капсулите ќе бидат отстранети од снегот, а повторно ќе бидат достапни за најмување во јануари 2019 година.

Цената на четиридневното сместување (три ноќевања) чини 2.238 долари за лице.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура